април 20, 2026

Во последниот меч од саботната програма, во рамките на 33-то коло на англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Челзи во Лондон со 1:0 (1:0).

Во натпревар со многу тактичко надмудрување, помеѓу двајцата менаџери, не видовме многу возбуда ниту шанси, се до 43-та минута кога мрежата на Челзи ја тресеше, Куња.

Челзи реши да оди на „сè или ништо“ во второто полувреме, не доби ништо, иако беа многу блиску до израмнување кога Лиам Делап и Весли Фофана ја погодија пречката.

Мојсес Каиседо исто така имаше шанса кон крајот, но „црвените ѓаволи“ успеаја да преживеат и да постигнат голема победа на „Стемфорд Бриџ“.

На крајот, Челзи го доживеа четвртиот пораз во Премиер лигата и сите четири без да постигнат гол – ова не им се случило во последните 40 години.

Поради ова, „сините“ останаа на шестото место со 48 освоени бода, додека Јунајтед сега со 58 е еден чекор да обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Share

The post (Видео) Челзи тоне и Јунајтед победи на „Стенфорд Бриџ“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK