Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од воведното коло од плејофот за шампионската титула во НБА. Нагетс предводени од Никола Јокиќ и Џамал Мареј славеа со 116:105 (23:33, 39:29, 29:17, 25:26).
Минесота многу подобро влезе во натпревар, во првото полувреме успеаја некако да го запрати Јокиќ и да го решат првиот период со 10 поени разлика. Денвер успеа да се врати до полувремето, одговори со иста мерка па по 24 минути игра резултатот беше 62:62.
Третата четвртина го ре победникот, Нагетс ја добија со 12 поени разлика. Во последниот квартал, „Волците“ се обидоа да се вратата во мечот, но нивните обиди го одбија Јокиќ и Мареј.
Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл, имаше учинок од 25 поени, 13 скока и 11 асистенции.
Џамал Мареј беше најефикасен играч во двата тима со 30 поени, имаше и седум асистенции, додека Арон Гордон уфрли 17 поени. Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 20 поени, девет скока и седум асистенции, Руди Гобер забележа 17 поени 10 скокови.
The post Јокиќ и Мареј ја решија Минесота – Денвер води со 1:0 во среијата до четири победи appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
