април 19, 2026

Во скопската општина Чаир започна акција за отстранување на стари и напуштени возила кои со години зафаќале јавен простор и го отежнувале секојдневното функционирање на населбите. Акцијата, како што информира Изет Меџити, има за цел да ослободи простор, да воведе ред и да ја подобри безбедноста во урбаните средини.

Според објавата, стотици возила кои подолг период биле оставени на улиците без да се користат и без техничка исправност, веќе се отстрануваат едно по едно. Со нивното дислоцирање се ослободуваат јавни површини кои досега биле нефункционални, а граѓаните добиваат повеќе достапни паркинг-места.

Од општината посочуваат дека ваквите активности ќе придонесат за полесен сообраќај, подобра организација на просторот и почиста животна средина. Дополнително, се очекува намалување на хаосот во паркирањето и зголемување на безбедноста во населбите, особено во деловите каде напуштените возила претставувале ризик.

Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, со цел целосно расчистување на јавните површини и создавање поуреден и функционален урбан простор за жителите на Чаир.

Share

The post Меџити: Чаир расчистува хаос – масовно се отстрануваат напуштени возила, се отвораат нови паркинг-места appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK