Фудбалерите на Баерн го победија Штутгарт со 4:2 и станаа национални шампиони по 35-ти пат.
Тимот на Винсент Компани четири кола пред крајот е недостижен за ривалите, имаат 15 поени повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.
До рајот на сезоната Баварците ќе се борат за уште два трофеи, во Купот на Германија и во Лигата на шампионите.
Во недела, пред преполната „Алијанц“ Арена, откако гостите од Баден-Виртемберг поведоа во 21-та минута (Фирих), следеше препознатливиот напаѓачки ритам на Баерн и три гола во 31-та до 37-та минута.
Во тој интервал стрелци беа Гереиро, Џексон и Дејвис, а потоа можеше да започне големата прослава. Немилосрдниот Хари Кејн стави точка со својот 32-ри гол во сезоната.
На крајот од натпреварот, Штутгарт ја искористи славеничката атмосфера во Минхен и само го ублажи поразот преку Андрес.
Foto/ EPA
The post (Видео) Баерн на одбрани титулата во Бундеслигата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
