април 20, 2026

На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими” во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими” од Куманово и „Струга Трим Лум” од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими” и едно лице од гостинската екипа од Струга.

Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле паркираниот автобус, сопственост на приватна фирма од Струга, кој ги превезувал играчите од Струга.

Во врска со настанот, во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Х.(39).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.  

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK