април 21, 2026

Тренерот на Валесија, Педро Мартинез, е прогласен за најдобар тренер во Евролигата за сезоната 2025/2026.

Мартинез успеа да биде прогласен за најдобар тренер на Еврокупот и најдобар во Евролигата во две сезони. Вреди да се спомене дека одличниот шпански стратег имаше само 41 натпревар во најсилното натпреварување пред почетокот на тековната сезона.

Со Валенсија, во регуларниот дел од сезоната, тој го освои второто место, зад Олимпијакос, а тимот чиј напад е најдобар во лигата (90,5 поени по натпревар) и е лидер во неколку статистички категории.

Мартинез ја направи Валенсија тим кој игра најатрактивна кошарка, и покрај нејзиниот скромен буџет во споредба со остатанатите тимови.

Мартинез е четвртиот Шпанец кој ја доби наградата „Александар Гомељски“, по Пабло Ласо, Чус Матео и Чави Пасквал.

Севкупно, тој е 14-тиот тренер кој ја освои наградата за најдобар тренер.

Жељко Обрадовиќ и Јоргос Барцокас, имаат најмногу признанија за тренер на сезоната, по три, додека Пабло Ласо, Еторе Месина и Димитрис Итудис го освоија трофејот по двапати.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Евролигата го прогласи најдобриот тренер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK