Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка.
– Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар и директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2). Составен е Записник за неовластено користење и поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ. Изготвена е Фактура за надомест на штета во износ од 1.361.599,00 денари, информираа од Електродистрибуција..
Следете не, не има насекаде
