Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на одбележувањето на третата годишнина од Британската бизнис асоцијација во Македонија ја истакна важноста од унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
Таа нагласи дека британските инвестиции имаат значајна улога во развојот на домашната економија, носејќи нови технологии, повисоки стандарди, квалитетни работни места и придонес во развојот на човечкиот капитал.
Димитриеска-Кочоска потенцираше дека Владата останува силно посветена на креирање стабилна, предвидлива и транспарентна деловна средина, која ќе овозможи сигурност за инвеститорите и долгорочен економски раст.
Според неа, ваквата соработка претставува значаен двигател за економскиот напредок на државата и отвора нови перспективи за развој и партнерства со меѓународните компании.
The post Димитриеска-Кочоска: британските инвестиции значајни за економски раст на Македонија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
