април 23, 2026

Швајцарската влада соопшти дека ќе се заложи за вонсудско решавање на случајот со трагичниот пожар во ски-центарот Кран-Монтана, во кој животот го загубија 41 лице, а околу 80 беа повредени, дел од нив тешко.

Во таа насока, властите во Берн го назначија економистот и поранешен кантонален политичар Лоран Курт за претседател на специјална тркалезна маса. Неговата задача ќе биде да ги обедини сите засегнати страни – жртвите и нивните семејства, осигурителните компании, институциите и лицата кои потенцијално се одговорни за несреќата.

Од владата посочуваат дека Курт има значително искуство во управување со комплексни процеси со повеќе учесници, што се смета за клучно во ваков чувствителен случај. Главната цел е да се воспостави дијалог и да се олесни постигнувањето на вонсудски договори, со што би се избегнале долготрајни судски процеси.

Трагедијата се случила за време на новогодишна прослава во барот „Ле Констеласион“, каде искри од пиротехнички фонтани ја запалиле пената на таванот, предизвикувајќи брзо ширење на огнот.
Во истрагата се опфатени сопствениците на објектот, Џесика и Жак Морети, како и неколку градски службеници, под сомнение за небрежно предизвикување смрт, телесни повреди и пожар.

Дополнително, утврдено е дека објектот не бил проверен за противпожарна заштита од 2019 година, што е спротивно на прописите, и се смета за еден од клучните фактори што придонеле за размерите на трагедијата.

Со иницијативата за вонсудско решавање, швајцарските власти се надеваат на побрзо и поефикасно обештетување на жртвите и нивните семејства, но и на намалување на правната неизвесност околу еден од најтешките инциденти во последните години во земјата.

Share

The post Владата на Швајцарија предлага вонсудски договор за трагедијата во Кран-Монтана во која имаше 41 загинат appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK