Карлос Алкараз конечно проговори за крајот на соработката со Хуан Карлос Фереро, што ја потресе тениската јавност во декември минатата година.
По седум години заедничка работа, седумкратниот Гренд слем шампион, реши да му се заблагодари на својот тренер.
Вториот светски рекет ја отвори душата и откри неколку детали, што придонеле за одлуката да се раздели со фереро.
„Пораснав и созреав, па можам сам да носам одлуки. Порано, речиси сите мои одлуки беа погрешни, па имав тим кој ме водеше. Тогаш само ги следев, но сега можам да решам, да го изразам своето мислење, да кажам што сакам и да одлучам кога да тренирам и кога е доволно“, ги пренесе зборовите на Карлитос „Тенис Темпл“.
Foto/ Depositphotos
The post „Пораснав и созреав, можам сам да носам одлуки“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
