април 24, 2026

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведува активности за уредување на јавниот простор преку бојадисување на жардиниерите во централното градско подрачје.

Акцијата се реализира на потегот од паркот кај „Шах“, покрај Домот на култура „Марко Цепенков“, па сè до Градската библиотека, со цел разубавување и подобрување на изгледот на урбаната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движењето во овој дел од градот, поради свежо нанесената боја, со цел да се избегне оштетување на облеката.

Бојадисувањето ќе продолжи и во текот на наредната недела.

Share

The post ЈКП Комуналец со нова акција: освежување на жардиниерите во центарот на Прилеп appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK