април 24, 2026

Кошаркарите на Монако ја победија Барселона со 79:70 во последниот плеј-ин натпревар од Евролигата. Монако, го освои осмото место и се пласира во четвртфиналето, додека за Барселона заврши сезоната во Евролигата.

Монако го надигра својот противник, особено во првото полувреме, кога во еден момент предноста изнесувапе 17 поени. Барселона се обиде да се врати во натпреварот, петорката со Весели и Шенгелија успеа да го доближи тимот до минус од пет поени, но не и да направи пресврт.

Монако ги одби сите налети, а со тројката на Блосонгејм во последната минута го потврди пласманот во четвртфиналето. Таму ги чека најдобриот ти во регуларниот дел од сезоната, Олимпијакос.

Мајк Џејмс и Џером Блосонгејм го предводеа Монако со по „дабл-дабл“. Првиот забележа 13 поени и 10 асистенции, а вториот 11 поени и 10 скока. Двоцифрени со 16, односно 14 поени беа и Даниел Тајс и Ели Окобо.

Најефикасен кај Барселона беше Вил Клајбурн со 16 поени и седум скока, ист број на скокови и 14 поени имаше Токо Шенгелија.

Foto/ EPA

Share

The post Монако е последниот учесник во плејофот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK