април 25, 2026

Никил Александер-Вокер е прогласен за играч со најголем напредок во НБА за 2026 година. Во конечниот избор, тој заврши пред Дени Авдија (Портланд) и Џален Дурен (Детроит), и го заслужи признанието со статистички далеку најдобрата сезона во неговата кариера.

Атланта Хокс, клубот за кој игра во НБА, ја сними и објави неговата реакција по објавувањето.

Вокер, сезонава имаше просек од 20,8 поени по натпревар, повеќе од двојно поголем од просекот од неговите први шест професионални сезони. Тој, исто така, забележа најдобри резултати во кариерата во асистенции (3,7), скокови (3,4) и украдени топки (1,3), со 46 проценти прецизност од поле, што е и негов рекорд во кариерата.

Оваа сезона играше 2603 минути, 530 повеќе од неговиот претходен рекорд.

Во првата година од неговиот четиригодишен договор од 62 милиони долари со Атланта Хокс Александар-Вокер ја започна сезоната како шести играч. Тој рано влезе во почетната постава на Атланта откако Тре Јанг се повреди, а неговиот статус на стартер беше зацементиран по јануарската размена во која Јанг беше испратен во Вашингтон за Си-Џеј Меколум и Кори Кисперт.

Со освојувањето на оваа награда, Александар-Вокер продолжува еден вид семејна традиција; негов братучед е ѕвездата на Оклахома Сити, Шеј Гилџес-Александер, актуелен МВП на лигата.

Share

The post Братучедот на Шеј Гилџес-Александер, играч со најголем напредок во НБА лигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK