Николас Џексон по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челзи. Напаѓачот актуелната сезона ја игра во дресот на Баерн Минхен.
„Дефинитивно нема да ја искористиме опцијата да го купиме Николас Џексон“, рече спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл пред камерата на „ZDF“, без да навлегува во детали.
Баварците го ангажираа Сенегалецот од Челзи два дена пред затворањето на летниот преоден рок, се со цел да имаат алтернатива за Хари Кејн.
Во таа прилика беше договорено дека купувањето ќе стане задолжително доколку тој започне 40 натпревари, додека опцијата за купување сигурно ќе им остане достапна на Германците до крајот на јуни. И двете варијанти имаат цена од 65.000.000 евра.
Џексон забележа 10 гола, плус четири асистенции во 29 натпревари, но по само неколку натпревари беше јасно дека не може да го испорача она што му требае на Баерн.
Foto/ Depositphotos
The post Баерн нема да го задржи Николас Џексон appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
