Веб сајтот timeout.com, за кој работат локални новинари и експерти и кој е дел од компанијата Time Out, основана уште во 1968 во Лондон, објави статија со наслов „Најпотценетите дестинации во Европа за 2026 година – скриени бисери подалеку од толпите“. На оваа листа, од предложените 24 локации, Битола се наоѓа на четвртото место како прекрасна дестинација за голем број посетители кои може да уживаат во прекрасната архитектура и во познатиот град на конзулите да ја почувствуваат историјата која блеска од секој агол.
Повеќе информации за оваа статија може да се прочитаат на следниот линк https://www.timeout.com/europe/travel/most-underrated-travel-destinations-europe.
Токму ваквиот контекст со кој Битола станува европски и светски препознатлива е потврда за оправданоста на инвестициите со кои локалната самоуправа неодамна инвестираше во осветлување на најпознатата и најамбиенталната улица во Битола, Широк Сокак (https://www.facebook.com/share/v/1DGKwr4T45/).
Исто така, оваа локална самоуправа после 10 години, во 2023 година, изготви нова Стратегија за локален економски развој, со која беа детектирани сите недостатоци и потреби за економски и туристички напредок на Битола, вклучувајќи и инвестиции во потепелистерието кои се од голема важност за промоција на Битола како туристичка дестинација.
Овој стратешки документ (https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/Стратегија-за-локален-економски-развој-2023-2027.pdf), во значителна мера придонесе за воочување и на голем број проблеми на терен за кои претходно недостасуваа податоци, што подразбира изработка на нови и измени и дополнувања на затекнати проектни документации.
Ваквите објави кои ја промовираат Битола во своето најдобро светло, истакнувајќи ја убавината на нејзината архитектура и пелистерското богатство, претставуваат силен мотив за нови инвестиции, дури и кога тоа подразбира повеќегодишна и макотрпна работа.
The post Битола блеска на европската мапа: влезе во топ 5 дестинации што мора да се видат appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
