Реал Мадрид одбил, бесплатно да го потпише, да го потпише играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва. Португалскиот репрезентативец му бил понуден на актуелниот шпански шампион од неговиот менаџер, Жорге Мендеш, но од Мадрид добил негативен одговор, пишува „Goal.com“.
Силва го напушта Сити на крајот од сезоната и има намера да продолжи да игра на највисоко ниво. Неговото огромно искуство и постојано висок квалитет на игри го прават привлечен, особено затоа што неговиот договор истекува на крајот на јуни, што значи дека е достапен без надомест.
Мендеш затоа го нуди на најголемите европски клубови, а неодамна Португалецот беше поврзуван со најголемиот ривал на Реал, Барселона.
Сепак, Реал Мадрид не гледа потреба да го доведе. Иако способностите на Силва се ценети во клубот, на реал не му е потребен даков профил. Поради ова, Мендеш наводно веднаш бил одбиен.
Доведувањето на централен играч од средниот ред е еден од главните приоритети на Реал за летото, но клубот конкретно бара дефанзивен играч од средниот ред, што Силва не е.
Нивната главна цел наводно е соиграчот на Силва од Сити, Родри. Сепак, тој трансфер би барал значителна компензација, бидејќи шпанскиот репрезентативец е под договор со „граѓаните“.
Foto/ Depositphotos
The post Реал не е заинтересиран за легендата на Манчестер Сити appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
