Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација.
„Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи,” порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Со повикот се опфатени студенти и/или апсолвенти од државни, меѓународни и приватни факултети, жители на Општина Центар .
Практикантите за времетраењето на ангажманот ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари.
Практикантството ќе се реализира во различни сектори, во зависност од потребите на општинската администрација.
Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студенти или апсолвенти, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија.
Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
Согласно Законот за практикантство, Општина Центар ќе ангажира најмногу 8 практиканти, а практикантството може да трае најмногу шест месеци и е еднократно право. Повеќе на линкот: https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260427-javen-povik-za-praktikantstvo-vo-opshtina-centar-skopje
Следете не, не има насекаде
