април 28, 2026

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека актуелната генерација носи силна визија и одговорност за развојот на градот, нагласувајќи дека станува збор за луѓе кои активно работат на реализација на клучни инфраструктурни проекти.

„Ова е генерација која гради, која ја враќа Битола на мапата на Македонија, генерација која создава услови за изградба на автопат и не ја пропушта можноста да придонесе за својот град со посветена работа“, изјави Коњановски.

Тој потенцираше дека со континуирана посветеност и јасна стратегија, Битола се движи кон побрз економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Share

The post (ВИДЕО) Коњановски: Развојот на Битола се темели на јасна стратегија и континуитет appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK