април 28, 2026

Во чест на бранителите на татковината, денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот во кругот на СВР Битола, како и пред споменикот „Ангел“ кај Саат кулата во Битола.

На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, советници, пратеници, претставници на полицијата и армијата, семејствата на загинатите бранители, политички партии и бројни граѓани, кои заеднички оддадоа почит.

Свежо цвеќе положи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, како и претставници од Министерството за спорт.

Годинава се навршуваат 25 години од еден од најтешките настани во поновата македонска историја – масакрот кај селото Вејце, во кој животот го загубија осум припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица беа од Битола.

Битола засекогаш ќе го чува споменот за Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, чие дело и жртва остануваат вечен потсетник за цената на слободата и мирот

Share

The post Коњановски: сеќавањето на хероите од Вејце останува вечно во Битола appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK