април 28, 2026

Откако во март годинава Општина Битола ја започна реконструкцијата на улици во селото Братиндол, денеска механизацијата ги асфалтира.

Станува збор за проект кој општината го доби од вториот повик на владата преку министерството за транспорт, во вредност од 4.227.303 денари.

Се работеше на реконструкција на коловоз, односно седум краци. Најпрво расчистување, односно ископ на земја, потоа поставување тампониран слој и денеска асфалт.

Со ова ќе се подобри комуникацијата на локалното население во ова населено место, а Општината и со ова покажа дека се грижи и за руралните средини.

Share

The post Општина Битола со инвестиција во Братиндол: нов асфалт за подобра инфраструктура appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK