Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од дел од бул.„Партизански Одреди“ (потегот кај пазар „Буњаковец“), дел од „Дебарца“, дел од „Мирослав Крлежа“, дел од „Коле Неделковски“, дел од „Антоние Грубишиќ“, „Отон Жупанчиќ“, „Радњанска“ и ООУ „Коле Неделковски“.
Прекинот, како што информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ ќе биде поради уличен дефект ф-80 мм на бул.Партизански Одреди 18б.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Покрај ова, од 10 часот без вода ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Багдатска“ и „Атинска“ поради уличен приклучок на улицата Багдатска во населбата Тафталиџе.
Следете не, не има насекаде
