април 30, 2026

Утре со почеток во 11.00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С. Македонија во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK