април 30, 2026

Полициски службеници денеска успешно спасија шест лица откако патничко возило излетало од автопатот Скопје-Велес кај месноста „Манастири“.

Според информациите, случајот бил пријавен во Дежурната служба на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи.

Веднаш по пријавата, на местото на несреќата биле испратени полициски екипи, кои на тешко достапен терен го пронашле излетаното патничко возило „Сеат“, управувано од К.С. (68) од Велес. Во автомобилот имало уште пет сопатници.

Во спасувачката акција се вклучиле и една екипа на Територијалната противпожарна бригада на град Скопје, три екипи на Итната медицинска помош од Скопје и една екипа на ЈП Македонија Пат.

Благодарение на брзата и координирана реакција на службите, возачот и сопатниците биле успешно извлечени од возилото и пренесени во Ургентниот центар во Велес. Според првичните информации, сите се надвор од животна опасност.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Надлежните повторно апелираат до возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да ја прилагодат брзината и внимателно да управуваат според условите на патот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK