Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот – Први Мај, истакнувајќи дека овој празник е симбол на достоинството, правата и придонесот на работниците во изградбата на општеството.
Во својата порака, Проданоски нагласи дека секој успех се темели на трудот, упорноста и посветеноста на луѓето кои секојдневно работат за подобро утре. Тој им оддаде признание на сите работници, без разлика дали се дел од индустријата, администрацијата, образованието, здравството или земјоделството.
„Вашата работа е темелот на развојот на нашиот град. Од вас зависи напредокот како општина и како држава, а наша обврска како избрани претставници е да обезбедиме достоинствени услови за работа и соодветна плата“, порача Проданоски.
Тој повика на заедништво, солидарност и почит кон трудот, нагласувајќи дека само со заедничка работа може да се изгради подобра иднина за сите генерации.
На крајот, градоначалникот им посака на граѓаните здравје, успех и достоинствен труд, честитајќи им го Меѓународниот ден на трудот.
The post Проданоски: Развојот на Прилеп се темели на трудот и посветеноста на граѓаните appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
