На 29.04.2026 во 23:15 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од село Муртино, струмичко. При претрес во домот на С.З. извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А. била пронајдена марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде
