Фудбалерите на Орландо Сити го победија Интер Мајами на гостински терен со 4:3 (1:3) во натпреварот од МЛС.
Ова беше дербито на Флорида и ривалство кое трае со години, а кое овој пат создаде едно од најголемите изненадувања во историјата на фудбалот.
Имено, актуелниот шампион на МЛС водеше со голови од 3:0 на Јан Фрај во 4-тата минута, Теласак Сеговија во 25-тата и Лионел Меси во 34-тата.
Но, потоа на најдобриот играч на сите времиња му се случи нешто што веројатно никогаш не му се случило во кариерата – да изгуби натпревар во кој водеше со 3:0.
From 3-0 down to winning 4-3. @OrlandoCitySC with one of the best comebacks you’ll ever see vs. their rivals in Miami.
pic.twitter.com/bZFDP0rWlj
— Major League Soccer (@MLS) May 3, 2026
Мартин Охеда го намали дефицитот на Орландо во 39-тата минута, а потоа во 68-мата и 78-мата минута целосно го израмни резултатот и внесе драма во дербито.
Победникот беше решен во судиското продолжение, во кое Тајрис Спенсер постигна гол за импресивен пресврт и победа од 4:3 за „Виолетовите“.
Фудбалерите на Интер се на третото место на табелата во Источната конференција на МЛС лигата со 19 бода, додека Орландо е 13-ти со 10.
The post (Видео) Сензационален пресврт на Орландо против Интер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
