мај 3, 2026

Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ поднесе официјално барање до парламентарната комисија за административно-територијална реформа во Тирана, со кое се предлага формирање на две нови општини – Голо Брдо и Гора, како дел од пошироките измени во територијалната организација на државата.

Според претседателката на здружението, Елена Симонофски, оваа иницијатива има за цел институционално да ги адресира потребите на населението во овие региони и да обезбеди подобра заштита на нивните уставно загарантирани права.

Таа посочува дека со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се овозможи поправедно претставување на локалните заедници, подобар пристап до јавни услуги и порамномерен развој на овие подрачја.

„Ова прашање не е само административно, туку се однесува на еднаквоста, достоинството и зачувувањето на идентитетот. Овие региони со години се соочуваат со институционална запоставеност, ограничен пристап до услуги и недоволна застапеност на локално ниво“, изјави Симонофски.

Во самото барање се наведува дека создавањето на нови општини значи поголема застапеност на граѓаните, развој за регионите и усогласување со европските стандарди за локална самоуправа.

Дополнително, од здружението апелираат институциите во Албанија да покажат дека принципите на еднаквост и недискриминација важат за сите граѓани, оценувајќи ја иницијативата како можност за исправување на долгогодишни неправди.

Иницијативата доаѓа во период кога во Албанија се подготвува нов закон за територијална поделба. Со претходниот закон од 2017 година, бројот на општини беше намален од 373 на 61, при што единствена општина со доминантно македонско население остана Пустец.

Во тој процес, општините во Голо Брдо и Гора, каде живее македонско население, беа укинати и интегрирани како дел од поголеми административни единици, што, според подносителите на иницијативата, довело до намалена видливост и застапеност на локалното население.

Share

The post ВМРО ДПМНЕ со Иницијатива во Албанија: Се бара формирање на две нови општини – Голо Брдо и Гора appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK