Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер го освои Мастерс турнирот во Мадрид.
Во финалето, Синер го декласираше Саша Зверев со резултат од 6:1, 6:2 по само 58 минути игра.
Јаник на тој начин го победи Германецот деветти пат по ред и со тоа ја зголеми разликата на 10-4 во меѓусебните дуели.
Тој успеа да триумфира на петтиот последователен Мастерс, што никој не успеал во „белиот спорт“.
Зверев едноставно не постоеше на теренот ова попладне. Јаник го „прочита“ совршено во текот на целиот натпревар и како машина, дел по дел, го уништи Зверев.
Во двата сета, тој направи два брејка и, се чини, никогаш полесно не стигна до триумфот.
Оваа недела во Мадрид, тој загуби само еден сет, во првото коло против Бонци, а потоа по ред, максимално, ги реши Мелер, Нори, Ходар, Фис и на крај Зверев.
Фудбалската репрезентација на Македонија, во Брисел, ги дозна противниците со кои ќе се соочи во новиот циклус во Лигата на нации.
Прв пат од формиерањето на ова натпреварување на УЕФА, Македонија ќе се натпреварува во Б-дивизијата.
Foto/ EPA
The post Синер го освои Мадрид, во финалето го декласира Зверев appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
