Во текот на месецот април, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 2750 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е расчистено во општината Карпош.
Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира 14 915 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува да ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улиците што се во надлежност на Градот Скопје, преку секојдневно машинско и рачно метење и миење, како и плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода” и Старата скопска чаршија.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месецот април реализираше предавања за примарна селекција и правилно постапување со отпадот за 208 ученици во скопските училишта, додека во градинката Весели цветови-клон Синоличка, во општината Кисела Вода, беше организирана еко-манифестација за одбележување на Денот на планетата Земја.
Следете не, не има насекаде
