мај 5, 2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(23) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 20.12.2025 во дворот на Калето во село Селце, полициски службеници од CBP Тетово пронашле торба со марихуана. По извршено вештачење било констатирано дека му припаѓа на А.М..

На 04.05.2026 во 09:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчески“ во Тетово, тој бил лишен од слобода и бил изведен пред истражен судија кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK