мај 5, 2026

Во Основниот суд во Струга утре ќе почне повторно судење за лекарите Блертон Асани и Лилјана Јовановска, второ и трето обвинети во случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Болницата во Струга остана без матка, јајник и бубрег.

Апелациониот суд во Битола ја потврди затворската казна за првообвинетиот гинекологот Мухамед Асани, а за другите двајца обвинети, кои беа ослободени од вина предметот е вратен на повторно судење.

Судечкиот судија Јордан Јованов информира дека во пресудата која е вратена од Апелација немало забелешки што да се преземе и на утрешното рочиште ќе бидат повторени изведените материјални докази, по што ќе следува пресуда.

– Сооглед дека во пресудата која се враќа е напишано повторно да се оценат доказите, ќе има повторување на изведените материјални докази и читање на исказите на сослушаните сведоци и вештаци. Потоа ќе следува пресуда, изјави Јованов.

Судскиот процес против тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, траеше околу три години и три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии. На првообвинетиот, доктор Асани Судот во Струга му изрече три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK