мај 6, 2026

Поради пообемна интервенција на канализационата мрежа, в недела (10 мај) дел од булеварот „1 Мај“ во Битола ќе биде затворен за сообраќај.

Како што информираат од Општина Битола, станува збор за поголем дефект кој бара сериозен зафат на терен. Интервенцијата ќе се одвива на потегот од зградата на судот до Црн мост.

„Зафатот ќе биде од поголеми размери при што треба да се направи отвор длабок и до 6 метри“, соопштија од Општината.

Надлежните посочуваат дека улицата ќе остане затворена за сообраќај сè до завршување на работите, а апелираат до граѓаните да користат алтернативни сообраќајници и да ја почитуваат поставената сигнализација.

Share

The post Општина Битола известува: поради градежни работи – дел од „Булевар 1 Мај“ времено затворен за сообраќај appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK