мај 6, 2026

ПСЖ се пласира во финалето на Лигата на шампионите откако со вкупни 6:5 го елиминира Баерн. Реваншот во Минхен, заврши без победник 1:1. Усман Дембеле постигна гол за Французите, а Хари Кејн за Германците.

Мануел Нојер бранеше извонредно за Баерн. Ветеранот имаше шест одбрани.

„Немавме убиствен инстинкт во нападот. Но, имавме доволно шанси за победа. Немавме многу чисти шанси, но мораше да бидеме подобри кога влегувавме во нив. Само погледнете го Париз. Тие се едноставно убијци. Постигнаа пет гола во првиот натпревар. Ни требаше тоа денес. Бевме блиску до финалето, но не можевме да ја завршиме работата“, изјави Нојер за ДАЗН.

ПСЖ е актуелен шампион на Европа и ќе ја брани титулата против Арсенал. ПСЖ и Арсенал ќе играат во Будимпешта во сабота, 30 мај, во малку необично време од 18 часот.

Foto/ EPA

Share

The post Нојер: „Убијци“ играат за ПСЖ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK