мај 7, 2026

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална посета на Општина Битола.

На средбата беа констатирани добрите пријателски односи на Македонија со стратешкиот партнер САД.

Коњановски и Димитровски во срдечен разговор со неа разменија мислења за актуелните состојби во земјава, ја запознаа со Битола градот на културата, традицијата, историјата, истакнувајќи ги можностите за продлабочување на соработката на сите полиња.

Градоначалникот Коњановски и подари пригоден подарок во знак на пријателството меѓу двете земји и двата народи, спомен кој ќе ја потсетува на нејзината прва официјална посета на Општина Битола

Share

The post Коњановски домаќин на американската амбасадорка: Битола испрати силна дипломатска порака appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK