Популарната пејачка Емина Јаховиќ отворено проговори за тешкото детство и сиромаштијата во која растела, откривајќи дека токму тие животни искуства ја научиле денес внимателно да се однесува кон парите и животот.
Балканската музичка ѕвезда, која периодов повторно е во центарот на вниманието поради својата турнеја и концертите низ регионот, меѓу кои и настапот во Скопје, во едно постаро интервју искрено зборувала за животот пред славата и луксузот.
Емина признала дека нејзините родители, иако биле лекари, живееле скромно и минувале низ тешки периоди, особено за време на кризите и војните во поранешна Југославија.

„Се сеќавам дека доматот ни беше луксуз. Ги гледав соседите како јадат домати, а ние немавме“, раскажала пејачката.
Таа открила и дека како дете не можела да си дозволи работи што за многумина биле секојдневие.
„Киндер јајца, гумени бонбони и чоколади што пукаат во уста ми беа недостижни“, признала Емина.
Еден од најемотивните детали што го сподели е навиката на нејзината мајка да замрзнува млеко и јогурт за „црни денови“, стравувајќи од неизвесноста во тешките времиња.
„Мајка ми ставаше млеко и јогурт во замрзнувач и не смеевме да ги допреме. Ги чувавме за најлошото“, открила пејачката.
Иако денес важи за жена која ужива во луксуз, патувања и модни брендови, Емина вели дека никогаш не се расфрла со пари токму поради искуствата од детството.
„Сакам да купувам, но само работи што навистина ќе ги носам. Немам хирови“, вели таа.
Пејачката исто така признала дека порано била многу построга кон луѓето околу себе и лесно отпуштала вработени, но дека со текот на времето и по тешката борба со коронавирусот станала помирна и поемпатична личност.
„Научив да го контролирам егото. Денес имам повеќе разбирање за луѓето“, изјавила Емина.
Нејзината искреност за животот пред славата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека токму тешкото детство ја направило посилна и поцврста жена.
The post Емина Јаховиќ откри како растела во сиромаштија: „Мајка ми смрзнуваше млеко и јогурт за црни денови“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
