мај 7, 2026

Во Пробиштип се изведуваат градежни активности за реконструкција на дел од улицата „3-ти Април“, информира градоначалникот Тони Тоневски.

Во оваа фаза се врши отстранување на старите тротоари и оштетените делови од асфалтната подлога, по што ќе следи поставување на нови рабници, изградба на современи тротоари и нанесување на нов асфалтен слој.

Проектот е во вредност од 9 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт.

Тоневски упати апел до граѓаните за разбирање и трпение додека траат градежните активности, како и за зголемена внимателност при движење во овој дел од улицата.

Share

The post Тоневски: Пробиштип добива подобра патна инфраструктура – стартува реконструкцијата на „3-ти Април“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK