мај 7, 2026

Иако на прв поглед изгледаат речиси идентично, два сообраќајни знака со стрелка често ги доведуваат возачите во заблуда. Разликата е суптилна – но суштинска, и директно влијае на правилата во сообраќајот.

Станува збор за знак со кружна форма и знак со квадратна форма, кои имаат иста боја и стрелка, но различна функција и значење.

Кружниот знак со бела стрелка спаѓа во групата на задолжителни знаци и означува „обврзен правец на движење“. Тоа значи дека возачот мора да се движи исклучиво во насоката прикажана на знакот – без можност за избор или свртување во друга насока. Овој знак најчесто се поставува на раскрсници или на семафори.

Од друга страна, квадратниот знак со стрелка има информативен карактер и означува „еднонасочна улица“. Тој информира дека сообраќајот се одвива во една насока, но не го ограничува возачот целосно – дозволено е свртување таму каде што е пропишано.

Иако разликата е само во обликот, таа не е случајна. Кружните знаци најчесто означуваат обврска, додека квадратните служат за информирање. Затоа, непознавањето на оваа разлика може да доведе до сообраќајни прекршоци и опасни ситуации на патот.

Share

The post Многумина не ја знаат разликата: Два речиси исти сообраќајни знака можат скапо да ве чинат appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK