мај 8, 2026

Општина Аеродром и оваа година активно се приклучи кон „Генералка викенд 2026“ – најголемата еколошка акција во државата и регионот, која се реализира на повеќе од 500 локации во 80 општини.

Во континуитет Општина Аеродром спроведува еколошки иницијативи во соработка со компании, организации и колективни постапувачи, создавајќи систем што дава конкретни и мерливи резултати.

Токму резултатите ја позиционираат Општина Аеродром како една од најактивните и најпосветени општини во државата во областа на селекцијата и рециклирањето отпад:
–    2,1 тон електронски отпад собран преку ЕЛКОЛЕКТ
–    1,617 тони електронски отпад преку НУЛА ОТПАД
–    57,95 тони отпадни гуми преку ГУМАТЕК
–    6,67 тони отпадно стакло преку игло-контејнери
–    240 тони селектирано стакло од локали и ресторани
–    1,13 тони текстил преку специјални контејнери, со што Аеродром е водечка општина во државата
–    0,15 тони отпадна пластика преку вендинг-машини

Овие бројки се повеќе од статистика – тие се доказ дека со заедничка работа на институциите, образовните установи, компаниите и граѓаните, може да се создаде почиста, поздрава и поодговорна животна средина.

Во акциите за чистење, селектирање и рециклирање отпад учествуваа ученици, деца од градинките, волонтери од Црвен крст, Домот „11 Октомври“, општинската администрација, како и голем број граѓани. Паралелно се реализираа и едукативни активности за правилна селекција на отпад во училиштата и градинките, со цел подигнување на еколошката свест уште од најрана возраст.

Општина Аеродром останува посветена на инвестициите во еколошката инфраструктура, селекцијата и рециклирањето на отпадот, како и во градењето современа и одржлива урбана средина за сегашните и за идните генерации.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK