септември 21, 2024

Кристијано Роналдо подготви тужба против Јувентус поради долг.

Кристијано Роналдо замина во Саудиска Арабија и потпиша еден од најголемите договори во историјата на спортот. Првиот натпревар за Ал Наср го одигра против Лионел Меси и Пари Сен Жермен. По сето тоа се појавија нови информации, португалскиот ас подготви тужба против Јувентус!

Според информациите кои ги објавија италијанските медиуми, Роналдо од својот поранешен клуб бара речиси 20 милиони евра, поточно 19.548.333 евра. Ова е сумата што му била ветена и договорена да биде исплатена, но се уште не се случила. Затоа повикал адвокати и им подготвил тужба.

„Роналдо се подготвува да побара пари преку легални средства. За работите да бидат полоши за Јувентус, челниците на клубот имаат сослушување пред Арбитражниот суд поради финансиски малверзации“, се наведува во текстот на италијанска „Република“. Како што стојат работите, Роналдо ја има целата потребна документација и се очекува без поголеми проблеми да го добие случајот на суд.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK