мај 9, 2026

Новак Ѓоковиќ одамна е познат по строгата исхрана и внимателниот избор на намирници, а пред неколку години откри дека за време на паузите меѓу натпреварите често јаде урми за брз и природен извор на енергија.

Овие слатки плодови, кои со векови се користат во традиционалната исхрана на Блискиот Исток, денес сè почесто се споменуваат и во современата нутриционистика како една од најхранливите природни намирници. Поради богатството со витамини, минерали и влакна, многумина ги нарекуваат природна „мини аптека“.

Според нутриционистите, урмите содржат големи количини магнезиум, калиум и природни шеќери кои му помагаат на организмот побрзо да ја врати енергијата по физички или психички напор. Токму затоа се омилен избор кај спортистите, но и кај луѓето кои страдаат од хроничен замор и исцрпеност.

Посебно се издвојува нивното позитивно влијание врз дигестивниот систем. Благодарение на високата содржина на растителни влакна, урмите можат да помогнат во подобрување на варењето и создавање здрава цревна флора. Експертите велат дека една до три урми наутро, на празен стомак, можат да обезбедат чувство на ситост, стабилна енергија и подобра работа на дигестивниот тракт.

Во последните години, вниманието на научниците го привлече и нивната употреба кај трудници. Одредени истражувања и традиционални практики сугерираат дека редовната консумација на урми во последните недели од бременоста може да помогне за полесно породување и побрзо закрепнување.

Освен тоа, урмите често се споменуваат и како природна поддршка за срцето. Во народната медицина е познат напиток при кој неколку урми се оставаат во вода преку ноќ, а потоа се блендираат и се пијат во текот на денот.

Некои истражувања укажуваат и дека урмите можат да придонесат за намалување на лошиот холестерол, додека влакната и природната сладост помагаат да се намали желбата за индустриски слатки и грицки.

Иако се многу здрави, стручњаците предупредуваат дека урмите не се идеални за секого. Лицата со дијабетес треба да ги консумираат умерено и по консултација со лекар, а внимание треба да се обрне и при купување, бидејќи дел од сушените урми содржат сулфити.

Најценета сорта се т.н. Medjool урми, кои се познати по својот богат вкус што многумина го споредуваат со карамела. За да ја задржат свежината, најдобро е да се чуваат во стаклен сад на ладно место.

Share

The post Новак Ѓоковиќ ги јаде меѓу мечеви: Ова овошје многумина го нарекуваат природна „мини аптека“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK