септември 21, 2024

Авион на Бугарија тргна кон Охрид: Ќе го зема повредениот Христијан – се бараат донатори за крв

Според МВР инцидентот започнал во угостителски објект во Охрид, а потоа и надвор од објектот. Секретарот бил пренесен во охридската болница каде што му констатирале тешки телесни повреди.

Амбасадоката на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска ќе биде повикана во Министерството за надворешни работи во Софија каде што ќе и биде врачена протестна нота како реакција од официјална Софија на нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски информираше дека специјален авион веќе е на пат кон Охрид, од каде ќе го земе повредениот Пендиков и ќе го однесе во Бугарија, а притоа вели дека ќе биде потребна и донација од крв.

-Спартански авион на воздухопловните сили на Република Бугарија веќе е во воздух, на пат кон Охрид. Вечерва Христијан ќе биде на ВМА (Воено медицинска академија). Ќе му треба крводарување, вели Џамбаски.

The post Авионот од Бугарија пристигна во Охрид: Ќе го земаат повредениот Христијан – се бараат донатори за крв appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK