октомври 5, 2024

Виолинистот Петар Маркоски од Охрид пред неколку дена откри дека има 1 милион следбеници на Инстаграм. Тој ги надмина Лила, Џамбазов, Марјана и многу инфлуенсери, па по теркот на светските ѕвезди прослави со фотографија на која им се заблагодари за поддршката. 

„Едвај чекам да го споделам со вас она што го спремам периодов. Ве сакам сите“, напиша тој.

Петар, кого јавноста го запозна со учеството во музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“, веќе неколку години ретко пее. Но на социјалните мрежи постојано објавува видеа на кои со виолината прави преработки на познати светски хитови. Дел од овие видеа ги споделија и светските музички ѕвезди.

Маркоски во моментов има 1.1 милион следбеници. Лила ја следат 219 илјади луѓе, Марјана има 120.000 следбеници, а Џамбазов 110.000.

 

The post Виолинистот Петар Маркоски собра еден милион следбеници на Инстаграм, ги помина Лила и Џамбазов appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK