септември 21, 2024

Хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ и српската глумица Јелена Гавриловиќ ќе бидат водители на годинашните МАС награди што ќе се одржат на 25 јануари во Штарк арената во Белград, а манифестацијата на 26 јануари ќе ја водат младите пејачи Војаж и Мими Мерцедес. Четворицата водители велат дека се возбудени што токму тие добиле понуда да го водат најголемото доделување на награди во регионот.

„Мило ми е што имаме ваков настан кој ќе биде домаќин на најголемите регионални ѕвезди и кој со години ја држи под ист покрив целата регионална музичка сцена. Огромна чест ми е што добив покана да го водам MAС и особено ми е чест што мој партнер во ова ќе биде токму Тончи Хуљиќ, човек кој остави траен и неизбришлив белег во музиката со својот талент, љубов и посветеност“, вели Јелена.

За улогата на водител, Тончи Хуљиќ вели дека си ги исполнил детските соништа.

„Со големо задоволство ја прифатив улогата на водител на MAC, тоа го гледам како своевидно исполнување на моите дамнешни желби. Како деца, сите фантазиравме еднаш, кога ќе пораснеме да станеме пејачи, филмски актери или телевизиски водители. Цел живот се занимавам со музика, а сега изгледа дојде време да се обидам во нешто за што сонував во детството,“ рече тој во најавата.

Пејачката Мими Мерцедез, заедно со Воајаж ќе ја води церемонијата на вториот ден. Таа вели дека е подготвена и за оваа улога.

„Почестена сум што сум избрана за оваа улога и мислам дека ќе се откријат многу мои таленти кои се криеја зад моето пишување. Се чувствувам многу возбудено, но и самоуверено. Сигурна сум дека се избрани совршените водителски двојки за оваа манифестација и дека овој спектакуларен настан ќе го направиме уште посилен. Едвај чекам да се сретнам со моите колеги“, вели Мими.

Идолот на новата генерација и еден од најслушаните млади артисти на Балканот, Михајло Веруовиќ – Воајаж вели дека никогаш претходно не бил водител, но дека се радува на предизвикот.

„Многу ми е мило што ќе се обидам у во тоа, покрај сето она што го направив. Мислам дека ќе биде многу убаво искуство и сакам да им се заблагодарам на организаторите кои ми дадоа таква одговорност, мислам дека ќе ги исполнам очекувањата.“

Каролина и 2Бона ќе пејат на МАС музичките награди

 

The post (Видео) Тончи Хуљич и Јелена Гавриловиќ ќе бидат водители на МАС-наградите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK