Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, се осврна на резултатската криза, протестите на навивачите и иднината на Лука Модриќ.
Тимот на Масимилијано Алегри е под голем притисок бидејќи има само две победи во последните осум првенствени кола. Милан во финишот на сеозната влегива со ист број на бодови како четвртопласираната Рома. Во последните три рунди ќе води голема борба за пласман во Лигата на шампионите.
Ситуацијата е дополнително комплицирана од протестите на навивачите од „Курва Суд“, кои, слично како и минатата година, изразија незадоволство од амбициите и работата на раководството, а беше покрената и петиција против извршниот директор Џорџо Фурлани, пишува „Сиемпре Милан“.
Во интервју за „ДАЗН“, Таре прво ги коментираше шпекулациите за иднината на Лука Модриќ.
„Неговото отсуство од теренот се чувствува, но неговото влијание е огромно. Секој ден, од утро до вечер, тој е со тимот. Тој е важна фигура за овој тим. Убеден сум дека Лука ќе го продолжи своето патување со Милан следната сезона“, рече Таре.
Foto/ Depositphotos
The post Игли Таре: Верувам дека Модриќ ќе остане во Милан appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
