мај 11, 2026

Маркус Рашфорд го оправда епитетот засилување за Барселона, но сè уште не е познато дали ќе биде откупен од Манчестер Јунајтед, поради финансиски тешкотии со кои се уште се соочуваат Каталонците.

По триумфот во Ел Класико против Реал, каде што англискиот напаѓач постигна гол, тој зборуваше за својата иднина.

„Не знам што да ви кажам… Да бев магионичар, ќе останев во Барселона“.

Маркус Рашфорд верува дека Барса ќе продолжи да бележи одлични резултати уште долго време.

„Дојдов во Барселона за да победувам и мојата цел е да продолжам да го правам тоа. Овој тим е неверојатен и овој тим ќе освои уште многу трофеи во иднина. Чест е да бидам тука и ќе видиме што ќе се случи понатаму.“

Англискиот репрезентативец се осврна и на првиот гол во вчерашната победа од 2:0.

„Не ми беше намерата да шутирам директно во голот. Немав добар поглед на аголот и не знаев каде да шутирам, но сите ме советуваа да се обидам и нивното охрабрување ми даде самодоверба. На крајот, тоа беше одличен гол“, објасни напаѓачот на Барса.

Маркус Рашфорд одигра 48 натпревари за каталонскиот клуб оваа сезона, постигна 14 гола и забележа 12 асистенции.

Foto/ EPA

Share

The post „Да бев магионичар, ќе останев во Барселона“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK