мај 11, 2026

Културниот и информативен центар (КИЦ) кој од оваа година започнува да го организира битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2026 година и кое по 18-ти пат ќе се одржи, денеска го објави јавниот повик за учество во програмата.

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата ( музичка и музичко-сценска уметност, театар, ликовна уметност, видео, фото, филмска уметност, литература, фолклор, нови уметности и мултидисциплинарни проекти).

Активностите треба да се реализираат во периодот на одржување на БИТ ФЕСТ заклучно 31 август 2026 година.
Право на учество имаат заинтересираните физички и правни лица од областа на културата, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата со седиште во Битола.

Повикот трае од 11.05.2026 до 18.05.2026 година до 16:00 часот.
Повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/kic/ објавува Журнал.мк

Share

The post КИЦ ги отвора вратите за нови идеи и проекти на БИТ ФЕСТ 2026 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK