На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде
