Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски информираше дека започнале активности за реконструкција на улицата „Ленинов плоштад“ во централното градско подрачје, проект со кој треба да се подобрат условите за движење на пешаците, сообраќајот и урбаното уредување на овој дел од градот.
Според објавата, во моментов се врши отстранување на постојните бетонски тротоари, по што ќе следи изградба на нови тротоарски површини и нивелирање на подлогата на улицата. Во рамки на реконструкцијата е предвидено и прередување на базалтната коцка, со цел подобрување на изгледот и функционалноста на улицата.

Проектот опфаќа и изградба на дополнителни паркинг места, што треба да придонесе за подобра организација на сообраќајот во централното градско подрачје, како и поставување ново улично осветлување.

Од локалната самоуправа посочуваат дека реконструкцијата е дел од активностите за модернизација и уредување на инфраструктурата во градот, а граѓаните се повикуваат на трпение и внимателно движење додека траат градежните работи.
The post Тоневски: Започна реконструкцијата на улицата „Ленинов плоштад“ во центарот на Пробиштип appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
