септември 21, 2024

– Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска предложи значително зголемување на воената потрошувачка до 2030 година, земајќи го во оглед влијанието на војната во Украина и заканите ширум светот.

Макрон најави воени трошоци од 413 милијарди евра за периодот од 2024 до 2030 година, со цел, како што истакна, да се обезбеди „слобода, безбедност, просперитет и местото на Франција во светот“.

Во периодот од 2019 до 2025 година за воени трошоци беа издвоени околу 295 милијарди евра.

Макрон го најави зголемувањето на воените трошоци во говорот за новата одбранбена стратегија по војната во Украина и другите закани во новогодишното обраќање до цивилниот и воениот персонал во воздухопловната база Мон де Марсан во јужна Франција. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK