мај 13, 2026

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на УКЛО преку практиканска работа во рамките на заедничката програма Универзитетска летна пракса.

Праксата ќе се изведува во одделенијата на Општина Битола и јавните претпријатија. Со програмата ќе бидат опфатени 40 студенти кои практиканската работа ќе ја изведуваат во месеците Јули, Август и Септември.

Секој од избраните студенти ќе има можност да изведува практиканска работа во период од еден месец.
Избраните студенти ќе добиваат месечен нето надомест во висина од 10.000 денари, обезбедени од Општина Битола.

Повеќе информации на следниот линк: https://uklo.edu.mk/blog/univerzitetska-letna-praksa-2026/#

Share

The post Општина Битола и УКЛО со нов циклус платена пракса за студентите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK